среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Конгресменка стана хит на Твитер поради еден незгоден детаљ, погледнете ја во чевлите

ФОТО: Конгресменка стана хит на Твитер поради еден незгоден детаљ, погледнете ја во чевлите

Американска конгресменка стана хит на Твитер откако признала дека цел ден не забележала дека носи различни чевли.

Мери Геј Сканлон (59) пред неколку дена објави фотографии на Твитер, а нејзиниот твит станал вирален со оглед на тоа дека го “лајкувале” повеќе од 29.000 луѓе. Покрај тоа, многумина започнале да споделуваат фотографии од свои слични (не)згоди.

“Луѓето постојано ме прашуваат за темпото во Вашингтон. Сега е 16:40 и само што сфатив дека цел ден носам две различни чевли”, напишала под фотографијата.

“Не можам да замислам како е тоа”, се пошегува глумицата Бебе Нојврт и додаде фотографии од две различни чевли на своите нозе.

“Цел ден се прашував зошто немам баланс и рамнотежа. Мислев дека станува збор за емотивна природа, изгледа дека навистина е”, додаде друга корисничка на Твитер објавувајќи фотографија од различни чевли на своите нозе, а слично направиле и други бројни жени, но и по некој маж.

Демократката била среќна што толку многу луѓе се препознале во нејзината објава.

“Мислам дека реакциите на луѓето се одлични. Сфаќаат дека нивните избрани претставници облекуваат чевел по чевел, а понекогаш и погрешниот”.