Двајца Јутјубери сакале да се уверат како функционира светот на високата мода, па направиле експеримент на Модната недела во Лондон.
Јутјуберите Зак и Џеј решиле својот пријател Макс, кој ја играл улогата на лажен манекен, да го облечат во што полоша комбинација на бои и стилови.
Го замотале во розево ќебе, му ставиле ќеса околу вратот и гумени ракавици на рацете.
Макс, на изненадување на Јутјуберите станал хит. Веднаш бил забележан од фотографите на Неделата на модата во Лондон, а присутните го прашувале чија е колекцијата што ја носи.
Дури некои модни фотографи ги објавиле фотографиите на Макс на своите официјални страници од модната недела во Лондон.