Голфери во Џорџија (САД) здогледале голем алигатор на теренот, а еден од нив веднаш ја земал камерата и го снимил животното кое дошло на теренот а потоа извесно време не се движело.
Ед Венс во неделата со пријателите играл голф кога одеднаш на теренот вшетал алигатор подолг од 2,5 метри.
„Ова се случи токму кај 17. дупка“, напишал Венс покрај снимката која ја споделил на Фејсбук.
Подоцна Венс рекол дека нема никогаш да го заборави звукот на чекорите на алигаторот.
„Беше надреално“, реко, тој за локалните медиуми.
После 17. дупка алигаторот решил малку да застане.
„Ова е чудовиште. Погледни колкав е“, се слуша глас во снимката која станала вирална на социјалните мрежи.
После неколку секунди алигаторот си заминал како ништо да не се случило.
„Никогаш не сум го видел ова на голф терен“, говори еден од голферите.
Потоа, алигаторот исчезнал во водата. Иако бројни корисници на социјалната мрежа укажале дека влекачот ги преплашил, Венс подоцна за The Island Packet објаснил дека тој воопшто не го доживеал така.
„Се чинеше дека воопшто не не забележа ниту дека му е гајла за нас“, рекол Венс за локалниот медиум и додал дека најверојатно алигаторот само сакал да се врати во вода.