петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нови правила за солариум во Србија

Нови правила за солариум во Србија

Во Србија отсега, солариумот нема да биде дозволен за помлади од 18 години, како и за лица кои боледувале од тумор или пијат одредени видови лекови.

Ова се само дел од новите правила за користење солариум, кои предвидуваат и потпишување согласност, во два примерока. Образецот нагласува дека корисникот го употребува солариумот на сопствен ризик и ги наведува сите можни штетни ефекти на ултравиолетовите зраци – зголемен ризик за рак на кожата, оштетување на видот, предвремено стареење на кожата, изгореници, осип и слично.

– Иницијативата за ограничување на употребата на солариум за лица помлади од 18 години е поднесена од Здружението на дерматовенеролози на Србија и добро е што ова и кај нас стана пракса, зашто тоа е веќе присутно во повеќе земји во светот, изјави проф. д-р Лидија Секуловиќ.

Новиот правилник ги обврзува сопствениците на солариум-апаратите на редовна техничка контрола на нивната исправност.