вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Премногу гласната музика го оштетува слухот повеќе од дупчалка

Премногу гласната музика го оштетува слухот повеќе од дупчалка

Премногу гласното слушање музика преку слушалки го оштетува слухот повеќе од пнеуматска дупчалка, која произведува звук од 110 децибели, покажале британските истражувања.
Исто така, еден од шест испитаници слушаат со јачина која е погласна од онаа што се создава при полетување на авион, утврдиле истражувачите.

Од друга страна, и кога звукот на слушалките е наместен така за да стои на средина, и натаму се создава оштетување, затоа што јачината на овој звук ѝ одговара на бучавата која би ја произвело врескањето на стотина деца во исто време.

На прашањето дали се свесни за оштетувањата кои ги создава нивното омилено хоби, повеќето испитаници не знаеле да одговорат, туку само се насмевнувале.

Но со оглед на тоа што работниците на градилиштата носат заштита за ушите додека ги извршуваат работите, би требало сериозно да се размисли за тоа колку сами му штетиме на слухот додека уживаме во омилената музика и да се запрашаме дали е потребно да се изложуваме баш на толку голема бука, порачуваат стручњаците.

Ова особено важи за тинејџерите, кои освен што така си го оштетуваат слухот, додека слушаат музика на слушалки и возат велосипед, скејтборд, ролери или одат пеш, си го доведуваат во опасност и животот бидејќи не можат да слушнат кога некој кој им доаѓа од зад грб, им свири и не очекува дека тие нема да слушнат.