среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дознајте зошто во хотелските соби никогаш нема да добиете паста за заби

Дознајте зошто во хотелските соби никогаш нема да добиете паста за заби

Иако хотелската понуда во однос на козметиката во изминатите години се прошири, една работа и понатаму нема да ја најдете во хотелските бањи.

Пастата за заби останува главна мистерија, а новинарот Даниел Енгбер истражувал зошто таа не може да се најде во хотелската понудена козметика.

Станува збор за необична комбинација – гостите во хотелот не ја бараат доволно често па сопствениците со цел да заштедат што е можно повеќе, не сакаат да прошат на паста. Во хотелските регулативи пастата се третира поинаку од сапунот и останатите козметички потреби, па и нејзината набавка е доста поскапа.

Некои хотелиери истакнуваат дека не постојат скапи и луксузни брендови на пасти за заби, па така гостите по ова прашање нема да што да се восхитуваат.

-Во скапите хотелски соби нема пасти за заби бидејќи тие не се доволно скапи. Во евтините соби нема бидејќи е прескапа, пишува порталот Браво кој исто така се занимавал со оваа проблематика.

„Никој не знае зошто, на никого не му е гајле“

Освен тоа, пастата за заби не е клучна во категоризацијата на хотелите или апартманите. Додека за хотел со пет ѕвезди се наоѓа правилото за „два сапуни, шампон, фен за кос, прибор за шиење и капи за туширање“, пастата за заби влегува во категоријата на сугестии.

-Хотелите би можеле да ни осигураат паста за заби, но тоа не го прават. Никој не знае зошто, на никого не му е гајле. Работите се такви отсекогаш и очигледно такви и ќе останат. Не добиваме паста бидејќи не ја бараме, а не ја бараме бидејќи не знаеме дали смееме, заклучува Енгбер во своето истражување.