среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Баба на 93 години замина во Кенија да волонтира во сиропиталиште

Баба на 93 години замина во Кенија да волонтира во сиропиталиште

Баба Ирма од Италија одлучи на 93 години да отпатува во Кенија, каде што три недели ќе волонтира во сиропиталиште.

Фотографија, на која баба Ирма со едната рака се потпира на бастум, а со другата влече црвен куфер, на Фејсбук сподели нејзината внука Елиса Колтро.

– Погледнете ја, дали може некој да ја спречи, напиша внуката под фотографијата.

Статусот на Фејсбук е споделен околу 7.000 пати и тоа за два дена.

Инаку, бабата долго време го поддржувала сиропиталиштето во Кенија, основано од мисионер од нејзиниот крај, и конечно одлучи, во придружба на нејзината ќерка, да оди да волонтира неколку недели.

Ирма останала вдовица на 26 години и сама ги одгледала своите три деца.