вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: „Македонска пошта“ издава фискални сметки на кои пишува дека сте купиле зеленчук

На една од фискалните сметки кои ги објави „еМагазин“, а за испратено писмо, пишува дека се купени компири.
ФОТО: „Македонска пошта“ издава фискални сметки на кои пишува дека сте купиле зеленчук
Posta, makedonska posta direkcija

Фискалните сметки на „Македонска пошта“ наликуваат на сметки како во супермаркет или на пазар. Па така на пример за испратена пратка, добивате фискална на која пишува услуга за купување на зеленчук.

На една од фискалните сметки кои ги објави „еМагазин“, а за испратено писмо, пишува дека се купени компири.

Реакција за фискалните сметки на „Македонска пошта“ има и на социјалните мрежи, каде што беше постирана фотографијата од фискална сметка за ран зеленчук, а за услуга прием на пратка.