петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Мајмунот Коко денеска го прославува 24-от роденден

ФОТО: Мајмунот Коко денеска го прославува 24-от роденден

Зоолошката градина на град Скопје сподели фотографии и Фејсбук статус на својот профил посветен на роденденот на Коко.

-Среќен 24-ти роденден Коко ❤️
Роден во Скопје Зоо, израснат во Холандија, а по создавањето на добри услови, заедно со друштвото повторно во Скопје. Сите те сакаме и се грижиме за тебе. Прости им, што во минатото си доживеал лоши денови. Сега, тука се за тебе луѓе кои неизмерно те сакаат и целото внимание ви го посветуваат на тебе, Изи, Мими и Роси. Ти посакуваме многу убави денови, поминати со другарите и зоо негувателите кои се трудат секој момент од денот да ви го направат интересен и посебен. Да си ни жив и здрав ❤️❤️❤️, стои во нивниот пост на Фејсбук.