Благодарение на климатските промени ќе се појави проблем со достапноста и цената на пивото. Тоа е грубо кажано кратко сознание до кое дошле научниците во една неодамнешна студија.
Имено, се почестите топлотни бранови и појавата на суша кои се предизвикани од климатските промени, едноставно ќе го намалат родот на јачмен. Со самото тоа ќе се намали и нужното производство на пиво, а со тоа ќе порасне и цената.
Јачменот е растение кое е доста чувствително на суша и жештина, па родот може да се намали доколку климатските промени го продолжат моменталниот тек. Последиците од тоа ќе донесат недостиг на пиво, се наведува во студијата, објавена во списанието Nature Plants.
“Целта на нашата студија не е да се поттикнат луѓето денес повеќе да испијат” – објаснува професор Дабо Гуан од Универзитетот UEA.
“Сакавме да покажеме дека климатските промени можат да влијаат врз квалитетот на нашиот живот. Доколку не сакаме тоа навистина да ни се случи, ако и натаму сакаме да се напиеме по едно или две пива, единствен начин е заедничка работа во борбата против климатските промени”.
Во исклучително оптимистичко сценарио, со моменталните намалувања на емисиите на стакленички гасови, глобалното производство на пиво ќе падне за 4%, а цените ќе се зголемат за 15%.