среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

2019 – најтопла на Алјаска

2019 – најтопла на Алјаска

Минатата година беше најтопла година во Алјаска, според владиниот извештај за американската клима.

Просечната температура на Алјаска била 0,1 степени Целзиусови, што е за 14 степени над долгорочниот просек, според годишниот извештај на Националната агенција за океани и атмосфера.

Просечните температури во Алјаска се зголемуваат постојани во последните години, со рекордна топлина во четири од последните шест години.

Во Енкориџ, најголемиот град на Алјаска, температурата  во јули првпат достигна 32,2 степени Целзиусови.

САД во изминатата деценија регистрираа временски непогоди и климатски катастрофи, што предизвикаа штета од 119 милијарди американски долари – двојно поголема од штетата од 59 милијарди во претходната деценија, се вели во тој извештај.