среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Научници го пресоздадоа гласот на мумија стара 3000 години, еве како звучи (ВИДЕО)

Научници го пресоздадоа гласот на мумија стара 3000 години, еве како звучи (ВИДЕО)

Научници oд кралскиот Холовеј колеџ во Лондон соопштија дека го пресоздале гласот на 3.000 години стара египетска мумија, со помош на медицински скенери, 3-Д печатачи и електронски душник.

Во трудот објавен во списанието „Сајентифик рипортс“, авторите истакнуваат дека техниката им овозможила да го произведат само звукот „е”. Како што истакнуваат научниците, тонот веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несијамун, со чие мумифицирано тело истражувачите и работеле, оти неговиот јазик изминативе три илјадалетија изгубил голем дел од својот квантитет.

Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или пак, реченици, се вели во написот.

-Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден, смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањето.  (МИА)