Ноќта помеѓу 1 и 2 февруари му била многу интересна на еден Босанец во Германија. Полицијата на Зигсдорф на автопатот А8 кон Салцбург, во близина на Берген, сопрела „пасат“ со словенечки регистарски таблички. Поради возење во пијана состојба, државјанинот на БиХ бил парично казнет од полицајците со 500 евра и со едномесечна забрана за возење во Германија.
Како што пишуваат германски медиуми, 32-годишниот Босанец бил тргнат на пат за дома во БиХ. Но, бидејќи имал еден промил алкохол во крвта, полицијата не му дозволила да управува со автомобилот, одеземајќи му ги клучевите.
Но, нецели два часа подоцна, полицајците од истата патрола се вџашиле кога пак го виделе истиот „весел“ возач, кој се вратил дома по резервните клучеви, се вратил кај својот автомобил и пак си тргнал кон БиХ, но, бил малерозен, па пак, „малку подолу“, налетал на истите полицајци.
Сега процентот на алкохол во крвта му бил понизок, но алкотестот пак покажал повеќе од дозволените 0,5 промили, па повторно морал да плати казна. За второто кривично дело таа веќе била 1.000 евра и плус четиримесечна забрана за управување со возило.