сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Нови мерки на Гугл во борбата против лажните вести

Нови мерки на Гугл во борбата против лажните вести

Технолошкиот гигант Гугл поведе нова иницијатива (Google News Initiative) за борба со лажните вести и помош за медиумите да заработат, јави Си-ен-би-си.

Се работи за програма за новинари, којашто ќе им помага на медиумите да се борат со распространувањето лажни вести, преку нов модел на наплаќање, наречен „Претплати се на Гугл”, како и пострги стручни проверки на информациите и дезинформациите.

За таа цел ќе се отвори лабораторија во Харвард, и ќе се користи посебен систем на вештачка интелигенција.

Компанијата за таа намена ќе потроши 300 милиони долари следните три години, но не појаснува како средствата ќе бидат распределени.

Новиот начин на претплата ќе го олесни начинот на плаќање на информацииите на медиумите коишто се согласиле на партнерство со Гугл, меѓу кои засега се споменуваат FT.com, „Вашингтон Пост“, „Мајами Хералд“ и 15-на други гласила.