четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова преслатко девојче има само пет години, а веќе вози како професионалец

Во главната улога се појавува Лила Калис која има само пет години, а веќе вози како професионалец.
Ова преслатко девојче има само пет години, а веќе вози како професионалец

Една реклама за автомобил која е снимена пред една година привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Во главната улога се појавува Лила Калис која има само пет години, а веќе вози како професионалец.

Иако станува збор за реклама за автомобил од компанијата “Renault”, посебно внимание привлече девојчето кое во текот на целото видео “вози” минијатурна верзија од истиот модел.

Лила вози како да е родена зад воланот, а очилата за сонце се нејзиниот заштитен знак. Исто така во текот на возењето прави и селфија, а повеќе од очигледно е дека одлично се забавувала во текот на снимањето.

Во текот на целата реклама, таа ја има целата поддршка од еден маж и жена кои не ја пропуштаат приликата да ѝ честитаат за одличните возачки способности.

Погледнете го видеото: