петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Пуста една од најпознатите светски туристички дестинации

Пуста една од најпознатите светски туристички дестинации

Нијагарините водопади, една од најпознатите светски туристички дестинации, веќе неколку недели се без посетители поради мерките на канадската влада, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Местото во првиот пролетен месец го посетуваа околу милион туристи од целиот свет, а сега, за прв пат во долгата историја на туризмот ова место е подолго време без ниту еден посетител.

Вработените во бројни хотели, мотели, ресторани, барови, кои се во близина на водопадите целосно ги прекинаа нивните активности подолг период.

Сите овие лица, за времетраењето на нивниот работен ангажман, ќе можат да го искористат додатокот што канадската влада им го обезбеди на сите невработени лица, вклучително и студенти на возраст над 15 години, во висина од околу 2.000 американски долари месечно.