Lavos ball е новата Рубикова коцка. Поточно, тоа е нова тродимензионална играчка во форма на топка која помага во развој на просторен вид, ја зголемува способноста за логично размислување и ги подобрува моторните перформанси.
Рубиковата коцка е измислена во 1974 година од унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик.
За многу кратко време стана планетарно позната, а до денес се продадени повеќе од 350 милиони примероци. И да, не е лесна за солжување.
Lavos ball е дело на уште еден унгарски научник и визуелен уметник Јанош Саболц, чија цел е иста како и на Рубиковата коцка: да ги усогласи видливите полиња и да ги организираме според боите.
Ова не е баш наједноставна задача, бидејќи топката се состои од четири видливи подвижни делови и четири скриени делови кои се откриваат со притискање на црното копче во средината на секое поле, кое треба да се усогласи во исто време.
Играчката во моментов е во фаза на патентирање, а Саболш се надева дека производството за поширока употреба треба да започне наскоро.