понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фото: Нисан „GT-R50“ чини скоро милион евра

Фото: Нисан „GT-R50“ чини скоро милион евра

Овој ексклузивен спортски автомобил доаѓа во ограничена сетија од вкупно 50 примероци.

Нисан „GT-R50 by Italdesign “ дебитираше како концептен прототип во 2018 година. Автомобилот е настанат во чест на два јубилеја- 50ти роденден на легендата на Нисан, моделот „GT-R“ и половина век од постоењето на фирмата „Italdesign“.

Автомобилот првобитно требало да биде прикажан пред публиката на саемот во Женева, на почетокот на март, но премиерата е одложена по откаќувањето на оваа манифестација.

Два и пол месеци подоцна, Нисан ги објави фотографиите и техничките детали од ова прекрасно возило.

Нисан „„GT-R50 by Italdesign “ е базиран на моделот „GT-R Nismo“, што значи дека во себе носи рачно направен 3.8 литарски твин турбо „V6“ мотор кој е унапреден во работилниците на „Nismo“ одделението.

Моторот испорачува 720 коњски сили. Податоци за перформансите за сега не се достапни.

Серијата е лимитирана на 50 примероци, што на овој модел му дава посебен ексклузивитет, но и ја условува неговата висока цена од дури 990.000 евра. Тоа е пет пати повеќе од сумата која е потребна за да се изработи регуларен Нисан „GT-R Nismo“.

Среќните сопственици првите примероци ќе ги добијат на крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.