четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Бегал од куче па паднал во бунар: Го нашле после шест дена! (ВИДЕО)

Бегал од куче па паднал во бунар: Го нашле после шест дена! (ВИДЕО)

Еден 29-годишен Британец бил извлечен откако бил заглавен во бунар во Бали, а таму седел заглавен цели шест дена.

-Во бунарот кој бил длабок 4 метри, имало малку вода која Јаков Робертс можел да ја пие, а кога паднал ја скршил ногата, јавува „ББС“.

Несреќата се случила во селото Пекату, додека тој бегал од кучето, а поради скршеница на ногата не можел да се спаси.

Тој бил спасен кога неговите повици за помош ги слушнал еден од селаните, кој, во тој изолиран дел од селото, барал храна за добитокот. Во спасувачката акција учествувале тројца спасувачи во заштитни костуми, велејќи дека Робертс изгледал слаб и измачен.

Засега е непознато дали Робертс живее во Бали или е турист. Бали веќе два месеци е во карантин поради епидемијата на вирусот корона.