четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Како Викинзите користеле сончеви камења за навигација на отворено море (ФОТО)

Ова откритие дава објаснување зошто Викинзите владееја со Атлантскиот океан повеќе од 300 години и можеле да стигнат до Северна Америка без магнетен компас
Како Викинзите користеле сончеви камења за навигација на отворено море (ФОТО)

Викинзите најчесто се паметат поради силувањата и грабежните, но нивните навигациски вештини исто така се познати.

Последната студија покажува дека Викинзите направиле многу ефикасно решение за пловење на отворено море.

Во времето пред магнетните компаси било исклучително тешко да се движите според сонцето кога тоа ќе исчезне позади густа магла и облаци.

Се верува дека решението на Викинзите било да создадат сончеви камења кои ја собирале сончевата светлина, а со тоа можело да се открие локацијата на сонцето.

Студијата открива дека овие фантастични сончеви камења, всушност, работеле со стоотсна точност при тринеделното патување од Норвешка до Гренланд.

Физичарите од Универзитетот Еотвос Лоранд во Унгарија го рекреирале патувањето на Викинзите, а крајниот резултат бил дека сончевите камења е изненадувачки успешни дури и под облачни услови.

Ова откритие дава објаснување зошто Викинзите владееја со Атлантскиот океан повеќе од 300 години и можеле да стигнат до Северна Америка без магнетен компас.

Меѓу 900 и 1200 година, Викинзите биле доминатни морнари во северниот Атлантик. Кога сонцето сјаело, тие можеле да го одредат географскиот север со користење на специјални часовници. Сепак, не беше познато како тие нашле начин да пловат во тешки услов со облаци и густа магла, но оваа студија покажува дека е точна теоријата за сончевите камења која прв пат се појави во 1967. година.