Организаторите на меѓународниот саем на автомобили во Женева соопштија денес дека нема да се организира саем во 2021 година.
Според анкетираните, подобро е да се одржи саемот во 2022 година бидејќи сега многумина не би учествувале, пренесува Ројтерс.
Автомобилскиот сектор моментално се наоѓа во тешка состојба и ќе е потребно време да се опорави ситуацијата по пандемијата, наведе одборот и советот на Фондацијата на Меѓународен саем на автомобили.