Дрон на компанијата Рудрон/Експедитор 3М, вреден околу 20 илјади американски долари требало да испорача пакет од сибирското село Улан-Уде во град во близина.
На видео-снимката објавена на Јутјуб може да се види како беспилотното летало брзо се подигнува во воздухот, а потоа се врти и нагло удира во фасадата на блиската станбена зграда.
Руската пошта во 2016. година покрена иницијатива за користење дронови за достава на поштенски практи во најодалечените делови на таа земја.
Иако на леталото јасно може да се види ознаката на Руската пошта, сепак оттаму велат дека немаат никаква врска со инцидентот, посочувајќи дека била само гостин на случувањата за време на летот.