Сестрите Ана и Луси Десинк некогаш беа прогласени за „најидентични близначки“ на светот. Тие, како познати ТВ лица, во новото интервју за една австралиска телевизија, открија дека сакаат да забременат истовремено и тоа од истото, заедничко момче.
Како да не беше доволно што делат исто момче, овие близначки сега имаат уште почудна желба- тој да биде татко на децата на двете.
Имено, иако претходно имале посебни врски, сега веќе девет години се во врска со исто момче.
Тој се вика Бен и „ги прифаќа такви какви што се“, како што вели Ана.
-Ако Бен ја бакне едната, веднаш ќе ја бакне и другата. А, секогаш нѐ разликува, дури и преку телефон, додаде Луси.
Во однос на тоа дека имаат намера да забременат во исто време, Ана вели дека иако „тоа некому ќе му звучи необично“, тоа е нивниот начин на живот и така сакаат да живеат.