Кети Манискалко од Санта Фе во американската федерална држава Ново Мексико, пријатно се изненадила кога видела што се наоѓа на нејзината тераса, но немала храброст да излезе надвор.
Младите рисеви весело си трчкале по тремот, а во еден момент си легнале покрај својата мајка кога ги доела. Откако добро се најадоле, продолжиле да си играат.
-Не можев да верувам дека сум неколку сантиметри од нив. Тоа беше преубав момент, а нив не им пречеше што ги снимав и фотографирав, изјавила сопственичката на куќата.
Таа додала дека дивите мачки го напуштиле нејзиниот дом по 4 часа.