четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Астероид ќе мине крај Земјата ден пред американските претседателски избори

Астероид ќе мине крај Земјата ден пред американските претседателски избори

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на 2 ноември астероид ќе мине крај планетата Земја.

Како што се наведува, дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.

Си-Ен-Ен посочува дека интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД.

Експертите од НАСА, меѓутоа, пресметале дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.