Морски крокодил долг 4,4 метри и тежок 350 килограми е фатен во природен парк во австралиската држава Северна Територија.
Животното веќе е префрлено во една фарма за крокодили, каде ќе учествува во програма со цел размножување на овие животни.
BIG BOY! Rangers trap a 14.5-foot saltwater crocodile at a tourist destination in Australia. https://t.co/5dsUr05YpG
— News 6 WKMG (@news6wkmg) August 31, 2020
Овој мажјак е фатен во реката Флора, 120 километри југозападно од градот Кетрин, и се смета дека токму тој е најголемиот крокодил досега уловен во таа река.
Како што наведува „Асошиејтед прес“, во Австралија тие се одгледуваат во специјализирани фарми поради месо и кожа.