недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Новата лимузина на Трамп отпорна на секаков напад: Еве што се Тајната служба побарала да содржи автомобилот на претседателот (ВИДЕО)

Новата лимузина на Трамп отпорна на секаков напад: Еве што се Тајната служба побарала да содржи автомобилот на претседателот (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп наскоро ќе се вози во претседателско од потполно нова генерација, кое е конструирано во програмата, која чини скоро 16 милиони долари.

Прототипот на овој специјално изработен „Кадилак“ е виден на јавните патишта во пробно возење, замотано во црно-бел дезен.

Како што пренесува Фокс Њуз, станува збор за еден од неколкуте државни возила кои Џенерал Моторс ги прави на основ на договорот од неверојатни 15,8 милиони долари со американската Тајна служба.

Ја исполнивме задачата и сега го предадовме возилото на клиентот, кажа претседателот на Кадилак, Јохан де Нишчен.

И портпаролот на Тајната служба потврди дека „програмата за конструкцијата на новата генерација претседателски лимузини оди по план, вклучувајќи и вградување на сите додатни опреми кои тајната служба ги барала“.

-Јавноста ќе биде во можност да ги види новите лимузини во употреба до крајот на летото, изјави тој.

Деталите врзани за новото возило се чуваат во тајност, но некои извештаи наведуваат дека повеќе личи на оклопно возило отколку на луксузна лимузина. Возилото ќе биде отпорно на напади од балистички ракети, експлозивно и хемиско оружје.

Се наведува дека ќе биде опремено со најнапреден комуникациски систем, залихи на медицинска опрема за итни случаи, наводно вклучувајќи и залиха крв од крвната група на Трамп.

Кадилак ги има изработено сите претседателски лимузини од 1993 година па навака.