Новинарот на „Њујоркер“, Џефри Тобин доби отказ поради непримерното однесување минатиот месец за време на видео-конференција со неговите колеги.
Од „Њујоркер“ соопштија дека Тобин добил отказ после истрагата на видео-состанокот.
60-годишниот новинар на социјалната мрежа „Твитер“ напиша дека „секогаш ќе го сака магазинот, ќе му недостигаат колегите и дека ќе продолжи да ги чита нивните текстови“.
Тобин кој работеше и во „СиЕнЕн“, стана дел од тимот на „Њујоркер“ во 1993-та година. Сепак, управата на магазинот експресно му врачи отказ откако новинарот мастурбирал за време на видео-состанок одржан преку апликацијата “Zoom”.
I was fired today by @NewYorker after 27 years as a Staff Writer. I will always love the magazine, will miss my colleagues, and will look forward to reading their work.
— Jeffrey Toobin (@JeffreyToobin) November 11, 2020
Тој изјавил дека мислел дека камерата му е исклучена и го опишал случајот како „срамна и глупава грешка“.