Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, повеќепати беше прогласуван за најдобро облечен маж на светот од машките магазини, а сега ја претстави и својата линија облека.
Колекцијата Modern Artisan е составена од 18 луксузни парчиња облека – десет женски и осум машки, изработени од најквалитетни природни материјали и според принципите на одржливост што ги застапува принцот во сите области од животот.
– Претпочитам да ги поправам и преработувам, наместо да фрлам работи од плакарот, истакна тој.
Палта, јакни, кошули и панталони се составен дел од проектот финансиран од Фондацијата на принцот. Облеката со потпис на британскиот принц ќе се продава преку нивната интернет-страница.
Целта за оваа долгорочна соработка, меѓу другото, е зајакнување на традиционалните вештини во производството на облека во Велика Британија и во Италија. Целиот приход ќе се вложи во програми за курсеви по текстил за млади луѓе преку Фондацијата на принцот.
Извор: Кајгана