Тројца Летонци украле мисирка од Зоолошката градина во Рига, па со неа се качиле на воз и заминале на роденден.
Славејќи го роденденот на едниот од нив во Јурмала, се опиле, а пијана од вотка била и украдената мисирка.
Летонската полиција ги уапсила за кражба на животното, а при апсењето кажале дека само сакале малку да се забавуваат. Мисирката била вратена во Зоолошката градина, но доведена е во прашање нејзината адаптација бидејќи била многу вознемирена и повлечена, но и малку мамурна.