„Емолјумент“, веб страница која се занимава со истражување на бизнис светот, спровела истражување во кое 1.300 вработени од 14 различни сектори биле испитувани дали им е досадно додека работат и на основа на тоа ја направиле листата на најдосадни професии во светот.
Според резултатите, најдосадно им е на оние вработени во правниот сектор, осум до десет лица одговориле дека работата не им е интересна, без оглед на која позиција се и колку долго ја работат таа работа.
Зад нив на листата со најдосадни професии се вработените во сметководството, банкарството, продажбата и системот за поддршка на корисниците.
Правни професии (81%)
Менаџери на проекти (78%)
Функции за поддршка (71%)
Контрола на финансии (68%)
Советување и сметководство (67%)