недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Брзал да се вакцинира, 88 годишник возел 191 км/ч

Брзал да се вакцинира, 88 годишник возел 191 км/ч

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч.

Ограничувањето на патот по кој возел е 110 километри на час. Кога полицијата го прашала каде толку брза, им одговорил дека се плашел да не задоцни на закажаниот термин за вакцинација.

Полицијата му ја одземала возачката дозвола и го конфискувала автомобилот, но го однела да ја прими вакцината.

-Заради безбедност на сите во сообраќајот, ве молиме да се почитуваат ограничувањата, дури и по 60 години со возачка дозвола, изјавиле од француската полиција.