Млад пар од Велика Британија пропуштил џек пот од 182 милиони фунти, околу 210,5 милиони евра, бидејќи не успеале да уплатат на време.
Рејчел Кенеди (19) и Лиам МекКрохан (21) шест недели по ред играле на броевите 6, 12, 22, 29, 33, 6 и 11. Во петокот, 26 февруари, овие броеви биле извлечени и Рејчел добила телефонски повик дека нејзината комбинација е добитна. Веднаш ги повикала своето момче и мајка мислејќи дека го освоила џекпотот.
View this post on Instagram
Сепак, нивниот ентузијазам брзо исчезна кога сфатиле дека ги погодила бројките, но дека немале доволно пари на својата сметка и дека дури и не купила билет за наградната игра, пренесува порталот ЦДМ.
Во изјава за британските медиуми таа рекла дека се многу разочарани, со оглед на тоа што веќе сонувале за тоа како ќе ги потрошат парите. Нејзиното момче Лиам кажал дека тој веќе ги замислил нивната куќа и автомобил од соништа. Тој исто така додал дека се чинело дека тие навистина го освоиле џекпотот откако ја добиле пораката за погодените броеви со портокалови букви.
Рејчел сега верува дека бројките што ги играла со недели немаат среќа, па затоа избрала нови за следното реми.