Британската блогерка за убавина, 19-годишната Натали, се шокираше кога конечно на нејзината адреса пристигна маичката со качулка што ја нарачала преку Интернет.
Таа на својот профил објави фотографија од маицата, која ја нарача на Интернет, а потоа на друга фотографија ја покажа маицата што ја доби.
„Очекувања против реалноста“, напишала таа и ја обележала страницата од која ја нарачала маицата, но тие не и одговорија.
На фотографиите можете да видите како наместо син дуксер со црни контури и мотиви од пеперутка, таа доби маица која изгледаше како да има дамки од кал.
@boohoo @boohooMAN @boohoo_cshelp expectations vs reality…… pic.twitter.com/TJ0LV2MgBe
— Fairiesmakeup (@fairiesmakeup) March 13, 2021
Таа откри дека платила 20 фунти за дуксерот.