Полски научници објавика дека ја откриле првата бремена египетска мумија во светот додека скенирале 2000 години стари посмртни останки кои се чуваат во Националниот музеј во Варшава.
-Мојот сопруг Станислав, египетски археолог и јас ги погледнавме рентгенските снимки и забележавме во стомакот позната глетка за родители на три деца, мало стапало, изјавила пред новинарите Марзена Озарек-Шилке, антрополог и археолог од Универзитетот во Варшава.
Деталната анализа покажала цел фетус. Научниците кои работат на проектот веруваат дека жената имала меѓу 20 и 30 години и дека била бремена 26 до 30 недели.
-Не знаеме зошто фетусот не бил изваден од покојната при мумифицирањето. Оваа мумија затоа е навистина единствена. Не можевме да пронајдеме друг случај, изјавил соработник на проектот.
Врз основа на анализа, за мумијата прво се мислело дека е свештеник кој ивеел меѓу првиот век пред новата ера и првиот век од новата ера.
Научниците сега веруваат дека можеби мумијата е постара и ја истражуваат причината за смртта. Мумијата не била отворана, но еден скен покажал дека имала долга виткана коса до рамена.
-Ова е прв случај на балсамирано тело на трудница. Отвора нови можности за истражување на бременоста во древните времиња и пракси поврзани со мајчинството, се наведува во текстот на магазинот “Journal of Archaeological Science”.
Мумијата во Полска била донесена во 19 век и станала дел од збирката антиквитети на Универзитетот во Варшава. Во Националниот музеј се чува од 1917 година.