среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Има 85 години и се уште вози шлепер

ФОТО: Има 85 години и се уште вози шлепер
РИНА

Демир Јоксимовиќ иако има 85 години се уште е активен возач на шлепер. Се верува дека тој е навозрасниот активен возач на овие возила во Србија.

Вели дека почнал да крстари по европските патишта со полн шлепер без да гледа колку километри поминува, туку само да пристигне навреме.

-Со шлеперот, освен скандинавските земји, нема каде не сум бил. Од Иран и Иран со Шпанија и Португалија. Можам да возам по 8,9 часа дневно, не ми е проблем. Кога си на пат често се случуваат проблеми, но иако имам доста години се уште сам менувам гуми, вели Демир.

ФОТО: РИНА

Сопственикот на компанијата за која работи, Драгиша Јовановиќ вели дека Демир вреди за двајца возачи, немал ниедна казна, ги почитува процедурите и е подобар од младите возачи.

Сепак, Демир открива дека ова лето завршува неговата возачка кариера.

-Два пати ја продолжував возачката дозвола по две години и сега на 1 јули ми истекува. Одличив да ставам точка на возачката кариера. Гледајќи наназад низ животот повеќе време поминав зад воланот отколку со семејството. Од нешто мораше да се живее, сега кога имаме се, мислам дека не сум ги поминав залудно сите години по патиштата, заклучува најстариот возач на шлепер во Србија.