Растение од кое се прават парфеми, масла и чаеви, од кое мирисаат терасите, а со својата елеганција се вклопува во секој простор. Тоа секако е јасминот.
Постојат повеќе од 200 видови различни самоник јасмини. Најпознат е белиот јасмин.
Може да порасне и до метар и половина, а кога цвета најчесто е во група од три до пет цветови. Го кради силен, слаткаст мирис. Потребно му е редовно полевање и годишно кастрење за да се подобри растот и цветањето.
Сака сончеви тераси, му пречат лед и студени ветрови, а снегот може да му ги оштети листовите.
Еднаш кога ќе го насадите, трудете се да остане што подолго на тоа место. Ако нагло го промените неговото место, растението ќе доживее шок што ќе се одрази со дамки на листовите.