вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Добивала цвеќе пред вратата, но не знаела од кого: Кога дознала кој е тајниот обожавател се “стопила“ (ФОТО)

Добивала цвеќе пред вратата, но не знаела од кого: Кога дознала кој е тајниот обожавател се “стопила“ (ФОТО)

Роузи од Велика Британија забележала дека на нејзината тераса редовно се појавувале розови цветови.

Мислела дека е некој таен обожавател, но не знаела кој е одговорен за нив.

Еден ден успеала да го фати “обожавателот“.

Станувало збор за Вилоу, мачето на нејзините соседи.

Бев толку возбудена што почнав да ја снимам бидејќи е премногу слатка, а и немам видено маче да носи нешто друго освен мртви животни, рече таа.

Вилоу редовно ги посетува и другите луѓе во околината, а сите тие даваат храна. Понекогаш дури ја забележуваат и во нивните кревети.

Сега Вилоу има посебно место во срцето на Роузи и е нејзин редовен посетител.