вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Жедните возачи опасни колку и пијаните?

Жедните возачи опасни колку и пијаните?

Последиците од возењето во алкохолизирана состојба се добро познати. Меѓутоа, новата студија тврди дека таа состојба е слична на дехидратацијата, односно дека возачите во летните месеци се опасни зад управувачот.

За време на летото се препорачува внесување на 2 литри вода дневно, што е секако индивидуално. Меѓутоа, едно е сигурно – возачите не треба да бидат жедни, особено кога возат на подолги дестинации. Дури и благо дехидрираната личност го губи менталниот фокус до таа мера што би можела да направи секаков вид на грешки при возењето, тврди „Science Direct“.

Тоа се заклучоците до кои дошло истражувањето спроведено на 11 возрасни мажи, кои користеле неподвижен симулатор за да ги имитираат реалните услови на возење. Секоја личност учествувала во три сесии возење во рок од 2 часа, во дехидрирана и жедна состојба. Сензорите ја следеле активноста на нивниот мозок додека камерите ги надгледувале испитаниците. Инцидентите кои би можеле да бидат поврзани со умор се исклучени од студијата.

Резултатите покажале дека дехидрираните возачи правеле повеќе помали грешки како што се често напуштање на сообраќајните ленти или ненавремено кочење. Симулираните ситуации, според зачестеноста, биле слични како кај лице под дејство на алкохол.

Но, меѓутоа треба да се напомене дека и малиот број на испитаници врз кои била спроведена студијата би можел да претставува ограничувачки фактор во донесување на конечниот заклучок.