Фотографот на Би-Би-Си, Џеф Оверс овековечил момент при удар на бран во пристаниште. Според пишувањата, на фотографијата се покажало лицето на римскиот бог на морето, Нептун.
Оверс истакнал дека фотографијата е снимена околу девет часот наутро и дека ударите на ветерот биле со јачина од околу 80 километри на час.
-Ова стана популарна локација за фотографите бидејќи морето буквално врие при силен ветер. Брановите удираат во пристаништето и повремено прават облик кои изгледаат како лица, вели Оверс.
Објаснува дека воопшто не ја менувал фотографијата односно на неа ништо не менувал.
Фотографијата е настаната на брег во источен Сасекс за време на бура.