Гледачите на британската верзија на квизот „Сакаш ли да станеш милионер“ се пожалија дека натпреварувачот кој настапи оваа недела го доби „најтешкото прашање досега“, а тоа го објавија и бројни британски медиуми.
Глен Бан, кој освои 32 илјади фунти во последното шоу, го доби првото прашање во новата емисија, што натера многу луѓе да го сожалуваат.
For this Academy Award Best Actress related question, Glen had absolutely no idea what the correct answer was…and got it right anyway 😱#WhoWantsToBeAMillionaire #Millionaire #JeremyClarkson #ITV #Quiz #QuizShow #QuizShowWins #GameShow #LuckyGuess #Oscars #BestActress pic.twitter.com/EQnbdcs8NG
— Who Wants To Be A Millionaire? (@MillionaireUK) August 24, 2021
– Од 2000 година наваму, Оскар за најдобра актерка нема освоено жена чие име започнува со која од овие букви, гласеше прашањето.
Глен не го знаеал, па го искористил џокерот и се обидел да добие помош од најдобрата пријателка на неговата сопруга. Но, се покажа дека ниту таа не го знае одговорот, па Глен одлучи да се коцка, па тој одговори на Г – и погоди.
Иако Глен успеа да одговори правилно, многумина го критикуваа ова прашање на социјалните мрежи.
„Какво глупаво прашање“, „Најлошото прашање што сум го слушнал“, „Ова не е добро прашање“, „Ова е најлошото прашање што сум го слушнал во ТВ емисија. Многу ми е мило што тој успеа да одговори “, беа некои од коментарите.
Глен на крајот си замина дома со 125.000 фунти.