Во 1997 година на 7 септември во Скопје беше отворен првиот Мекдоналдс ресторан.
Во Македонија имаше седум ресторани со околу двесте вработени, а во светот има повеќе од 37.000 Мекдоналдс ресторани.
Првите ресторани ,,Мекдоналдс’’ се отворија во САД, Канада, Костарика, Панама, Јапонија, Холандија, Германија, Австралија, Франција, Ел Салвадор и Шведска.
Во Македонија Мекдоналдс рестораните се затворија во 2013 година. Сега, по цели 8 поминати години, има најави дека интернационалиот гигант за брза храна повторно се враќа во Македонија.