Екатерина Лисина долго време ја носела титулата за жена со најдолги нозе во светот, од неверојатни 133 сантиметри. Кога на тоа ќе се додаде дека е висока 205 сантиметри, не е чудно што извесно време играла кошарка.
Играла за клубовите ЦСКА и Спартак, а со репрезентацијата на Русија ја освоила олимписката бронза во Пекинг во 2008 година, европското злато во Италија во 2007 година и светското сребро во Бразил во 2006 година.
View this post on Instagram
Таа ја завршила кариерата во 2014 година на само 27 години. Она што ја разликува од другите кошаркари е должината на нејзините нозе. Имено, нејзините нозе се долги дури 133 сантиметри. Нејзинато стапало е долго 30,5 сантиметри, а бројот на стапалата е 47.
View this post on Instagram
View this post on Instagram