четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Јапонец создал телевизор што можете да го лижете за да ја вкусите храната која ја прикажува

ВИДЕО: Јапонец создал телевизор што можете да го лижете за да ја вкусите храната која ја прикажува

Професор од Јапонија создаде прототип на ТВ-екран, кој може да се лиже и да ги имитира вкусовите на храната.

Наречен „Вкуси го Телевизорот“, уредот има десет канистри кои го прскаат вкусот на „хигиенски филм“, кој се одмотува низ екранот и корисникот може да го лиже.

Професорот Хомеи Мијашита од Универзитетот Меиџи, сугерира дека телевизорот може да се користи за далечинско обука на готвачи или сомелиери.

– Целта е да им се овозможи на луѓето да доживеат нешто како ручек во ресторан на другиот крај на светот, дури и кога се дома, истакнува Мијашита.

Тој е во разговори со производителите за имплементација и примена на други технологии за прскање вкусови, како што е додавање вкус на тост.

Доколку се комерцијализира, телевизорот за лижење може да чини околу 875 долари.