„Енигма“, најголемиот брусен дијамант на светот на 555 карати е продаден вчера во Лондон за 3,16 милиони фунти (3,8 милиони евра), откако неодамна за првпат бил изложен.
Се верува дека е реткиот црн дијамант настанал кога метеор или астероид удрил во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години.
Дијамантот од 555,55 карати ја достигнал цената на онлајн аукција која ја одржала познатата лондонска аукциска куќа Sotheby’s.
Ваквите дијаманти обично се пронаоѓаат близу површината на Земјата што укажува на вонземјанско потекло.
Дијамантот е една од работите кои најтешко се сечат. На ескпертите им биле поптребни три години од сиров дијамант да претворат скапоцен камен.