Можеби мислите дека некои намирници лесно се одржуваат свежи во кујната, но треба да имате на ум дека и лебот е расиплива храна доколку не се чува правилно.
Имено, постојат неколку места каде што никогаш не треба да го чувате лебот, а доколку ги избегнувате и правилно ја чувате оваа намирница, нема да има причина да фрлите уште еден мувлосан леб.
Можеби најчестото место за чување леб е горниот дел од фрижидерот. Иако може да изгледа како одлично место за да го држите лебот подалеку од „ударни “места, тоа е идеално место каде лебот побрзо ќе се расипе.
Причината за тоа е топлината што доаѓа од ладилните намотки на уредот, и создава топла и влажна средина во внатрешноста на кесата за леб, што доведува до брзо формирање на мувла.
Сепак, фрижидерот не е единствениот уред што треба да го избегнувате кога станува збор за чување на оваа храна. Од слични причини исто така не е дозволено чување леб во близина на машината за миење садови.
Не само што може да создаде топла средина, туку поради влагата што се ослободува од машината за миење садови, само ќе го забрза мувлосувањето.
Дури и во близина на вашиот шпорет не е идеално место бидејќи пареата и топлината од готвењето лесно можат да влезат во лебот и да го забрзаат процесот на создавање мувла.