среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Само ОВИЕ седум жени смеат да носат бела облека пред Папата – традиција за која малкумина знаат

Само ОВИЕ седум жени смеат да носат бела облека пред Папата – традиција за која малкумина знаат

Во католичката традиција, црната облека ги симболизира доблестите на побожност и понизност. Затоа традицијата налага за време на приватна аудиенција кај папата, жените да се појавуваат во долги црни фустани, високи јаки, долги ракави и црн капут.

Со текот на времето, оваа практика е приспособена, па денес „дрес кодот“ значи само црн фустан и црн вел.

Само ОВИЕ седум жени можат да носат бело пред Папата:

Кралицата Летиција од Шпанија – сопруга на кралот Филип.

Кралицата Софија од Шпанија – мајка на кралот Филип, сопруга на поранешниот крал Хуан Карлос I.

Белгиската кралица Матилда – сопруга на кралот Филип.

Кралицата Паола од Белгија – сопруга на поранешниот крал Алберт Втори.

Принцезата Шарлин од Монако – сопруга на Алберт II, сегашниот принц од Монако.

Војвотката Марија Тереза ​​од Луксембург – сопруга на големиот војвода Хенри, сегашен монарх на Луксембург.

Принцезата Марина Дорија од Неапол – сопруга на Виторио Емануел ди Савој, син на последниот крал и кралица на Италија.