вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Три легендарни првоаприлски шеги на кои наседнале милиони

Три легендарни првоаприлски шеги на кои наседнале милиони

Денес е 1 Април, Светскиот ден на шегата.  Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини.

Медиумите во поновата историја имале значајна улога кон овој ден. Ова се три шеги кои станале легендарни бидејќи на нив наседнале милиони луѓе.

Војна на световите

Одлична, иако неманерна шега од 1938 година, докажува дека многу лесно може да се збуни маса народ доколку истата не слуша внимателно. Орсон со радио драмата „Војна на световите“ предизвикал масовна паника во САД бидејќи слушателите поверувале дека светот навистина е нападнат од вонзејмани. Американците не се смирили ни по низата предупредувања дека се работи за фикција и радио драма. Се претпоставува дека наседнале околу 1,7 милиони лица и приказната на сфатиле здраво за готово.

Шпагети од дрва

Би-Би-Си на први април во 1957 година во емисија прикажа репортажа за семејство од Швајцарија кое одгледува стебла на кои растата шпагети. Во средина на репортажата имало жена која берела шпагети од дрво. Гледачите по завршувањето на емисијата ја преплавиле телевизија со писма и телефонски повици. Сите сакале да знаат каде може да купат шпагети-стебло.

Хамбургер за левучари

Бургер Кинг во 1998 година во весник во објавил оглас за „Left-Handed Whopper“, хамбургер кој бил посебно направен за левучари бидејќи состојките од хамбургерот при консумација капеле од друга страна. По објавата левучарите побрзале во нивните ресторани, а Бургер Кинг признал дека само се шегувал. Во меѓувреме примиле илјадници нарачки за хамбургер кој одговара за деснаци.