Препуштете се на вашата интуиција
Некогаш не сме ни свесни за некои работи кои нè угнетуваат во потсвеста и понекогаш како да ни треба потврда за нешто што го знаеме во длабочините на душата.
Пред вас е едноставен тест на потсвеста, кој воедно е и оптичка илузија со која ќе откриете дали и колку сте задоволни од својот живот.
Сè што треба да направите е да се загледате во илустрацијата, да се препуштите на интуицијата и да запомните дали прво видовте каснато јаболко или два профили.
1.Каснато јаболко
Ако прво го видовте јаболкото, вие сте личност која ја гледа убавината и во најтешките околности и ситуации.
Познати сте по тоа што ги прифаќате работите онакви какви што се и прилично сте задоволни од она што ви го дава животот. Имате пријатели на кои секогаш можете да се потпрете, без разлика на се, а омилени сте во друштвото затоа што сте секогаш расположени.
Меѓутоа, кога ќе останете сами, копнеете да го „разбудите“ тој сонувач во себе кој секогаш и во секое време е подготвен на се. Само така ќе успеете да постигнете се што сакате и долго долго сонувате.
2.Два профили
Ако на прв поглед ги забележавте двата човечки профили на илустрацијата, тогаш вие сте личност која е перфекционист и сте многу детални во што и да правите.
Сепак, во вашиот живот најважни се односите, и љубовни, и пријателски и семејни. Кога се е во ред на тоа поле, тогаш сте среќни и задоволни.
Можеби моментално имате проблем со некоја многу блиска личност и мислите дека во последно време ништо не ви оди од рака, запомнете колку сте способни и оптимисти и обидете се да се извлечете од моменталната ситуација.