Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, велат од Центарот за истражување на морето во Ровињ.
На северот на Јадранот се појавила таканаречената компас медуза, која е квалификувана како „Chrysaora hysoscella“.
Од Центарот наведуваат дека овој вид медуза живее во Атлантскиот Океан и во Медитеранското Море, а се карактеризира со жолто-кафеав меур, кој потсетува на компас.
Оваа медуза може да порасне до 30 сантиметри во пречник, а пипалата ѝ се долги и до 1 метар.